Не било само покер и блекџек, Тонали и Заниоло вложиле милионски суми на фудбал?!

by
1 минути читање

Во четвртокот, полицијата упадна во кампот на италијанската репрезентација за да разговара со Сандро Тонали и Николо Заниоло поради инволвираност во обложување.

Двајцата со солзи во очите признале дека се обложувале на нелагални платформи, но се правдале дека играле само покер и блекџек.

Доколку ова е точно, од спортски аспект тие не ги прекршиле правилата, па нема да добијат големи казни.

Но Кориере дело Спорт вели дека работите не се такви какви што Тонали и Заниоло се обиделе да ги прикажат. Се говори дека има докази кои укажуваат дека фудбалерите на Њукасл, односно Астон Вила, се обложувале и на фудбал.

Тонали и Заниоло имале вложено по милион евра на натпевари од Серија А и Лигата на шампиони.

Се очекува во следните денови двајцата да се сретнат со обвинителот при Фудбалската федерација на Италија, Џузепе Кине.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×