Селекторот на Србија се крстеше, „орлите“ погодија две стативи во две секунди! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Србија со празни
раце се враќа од гостувањето кај Унгарија и ќе биде под додатен притисок во пресрет
на дуелот против Црна Гора.

„Орлите“ има за
што да жалат откако креираа доволно шанси за барем да извлечат бод, но немаа
среќа.

На стартот од
второто полувреме, во период од неколку минути, на Србија и беа поништени два
гола поради офсајд.

Во 71. минута се случи една луда ситуација, во
период од две секунди, два пати беше погодена левата статива. Прво Тадиќ ја
затресе рамката од голот, а истото го стори и Павловиќ кој прв стигна до одбиената
топка.

Селекторот Драган
Стојковиќ не можеше да поверува што се случува, популарниот Пикси се прекрсти
по двојното промашување.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×