Полиција синоќа
упадна во тренинг кампот на Италија за да разговара со Сандро Тонали и Николо
Заниоло откако фудбалерите на Њукасл и Астон Вила беа вмешани во скандалот со
обложување кој го тресе Калчото изминативе денови.
Како што пишуваат
медиумите од „чизмата“, Тонали и Заниоло со солзи во очите признале дека се
обложувале на нелегални платформи и ги предале своите телефони и таблети на
вештачење.
Сепак тие
категорично негирале дека се обложувале на фудбалски натпревари, и се правдале
дека играле само покер и блекџек. Исто така, двајцата негирале дека разговарале
со Николо Фаџоли за обложување на фудбалски натпревари.
Доколку нема
докази за обложување на фудбалски натпревари, тие нема да добијат драконзки
казни и ќе поминат многу полесно.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.