Жоао Феликс во Барса не заработува ни половина милион годишно!

by
1 минути читање

Феликс на почетокот од летото јавно кажа дека му е сон да игра за Барселона, во текот на преодниот рок тој сон му се оствари. Но за да потпише за клубот, драстично си ја намали платата, зима само 400.000 евра годишно.

„Точно е, Жоао Феликс си ја редуцираше платата за да потпише за нас, таа изнесува 400.000 евра годишно“, вели Едурард Ромеу.

„Тоа е многу силна порака од Жоао“.

„Што ќе се случува во јуни? Се надеваме дека ќе имаме „проблем“ да се бориме тој да остане и после оваа сезона“.

Со ова потпретседателот на Барса сака да каже дека се надеваат дека Феликс ќе има одлична сезона, па ќе разгледуваат како да го потпишат перманентно.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×