Лукаку за бурното лето: Беа напишани многу сра*а… ќе се шокирате ако кажам што се случи!

by
1 минути читање

Ромелу Лукаку требаше да се врати на „Меаца“ во летниот преоден рок, но Интер во последен миг се откажа од зделката откако дозна дека напаѓачот преговарал и со лутиот ривал Јувентус.

На фудбалерот од Белгија потоа му пропадна и трансферот во Јувентус, а во последните денови од преодниот рок се реши за трет клуб од Серија А и преселба во Рома.

„Голем дел од луѓето кои се тука (во прес центарот на Белгија) добро ме познаваат, па знаете дека сум прилично директен“ – рече Лукаку од кампот на „црвените-ѓаволи“.

„Ќе зборувам во прав момент. Но ако кажам што навистина се случуваше, сите ќе се шокираат. Беа напишани многу сра*а за мене“.

„Имаше моменти кога навистина мислев дека ќе експлодирам, пред 5-6 години сигурно ќе го сторев тоа. Сега сум фокусиран на она што го знам најдобро, а тоа е да играм фудбал“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×