Се чини дека деновите на Руди Гарсија во Наполи се одбројани и само прашање на време е кога стратегот ќе доби отказ. Шпекулациите велат дека тоа може многу брзо да се случи доколку Антонио Конте прифати да седне на кормилото.
Се говори дека Аурелио Де Лаурентис за денеска закажал состанок со Антонио Конте и на тет-а-тет средба ќе се обиде да го убеди да стане нов тренер на Наполи.
Ова нема да биде лесно, но кога првиот човек на „наполитанците“ ги зима работите во свои раце, тоа е така бидејќи верува дека може да го добие тоа што го сака.
Во меѓувреме, Антонио Конте вчера вечерта ги прокоментира гласините кои го поврзуваат со Наполи: „Направив јасен избор кога решив да престанам со Тотнем. Сакам да одморам и да уживам во времето поминато со семејството, но добро знаете дека се може да се случи“.
Запрашан конкретно дали добил понуда од Наполи, тој рече: „Потребно е да имаме почит и едукација“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.