Шокантна исповед на Карлос Тевез: Тројца играчи во мојот состав не знаaт колку се 2+2!

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Бока, Вест Хем, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус,
Карлос Тевез во разговор со медиумите од Аргентина откри дека планира да
ангажира наставници кои ќе треба да им помогнат на фудбалерите.

„Има тројца момци
во мојот тим, нема да откривам имиња, кои ми кажаа дека не знаат да собираат и
да одземаат“
– излезе со шокантна исповед тренерот на Индепендиенте.

„А играат во прва
лига… ова е резултат на сиромаштијата“.

„Одработивме серија
вежби на тренингот, и кога фудбалерите беа физички истоштени, им дадов задача
да решат проблем. И тројца играчи не знаеа колку е 2+2“.

„Сите сме виновни
за ваквата ситуација. Можеме да помогнеме со храна, со основни работи, но
образованието е фундаментално. Потребно е да бидат учени за да можат да се
одбранат, за да знаат што зборува. Доколку не разбира каков договор потпишува,
ќе има потешкотии да се заштити себеси и семејството во иднина“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×