Од оваа сезона италијанскиот Суперкуп се игра со четири тима, наместо со два како претходно.
Суперкуп турнирот требаше да се игра од 4. до 8. јануари, но Серија А го премести, новите датуми се од 21. до 25. јануари. Мечевите треба да се играат во Саудиска Арабија.
Но, италијанските медиуми информираат дека се појавуваат проблеми, Наполи и Фиорентина незадоволни од промената на датумите размислуваат за откажување на своето учество. Наполи се пласира како шампион на Серија А, а Фиорентина како финалист на Купот на Италија.
Дополнително влијание на нивната одлука за откажување е и конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Наполи и Фиорентина уште немаат донесено конечна одлука, но Милан и Аталанта веќе биле известени дека би можеле да влезат како нивни замени доколку шампионот и финалистот на купот дефинитивно откажат.
Другите двајца учесници се Интер кој е освојувач на Купот на Италија и Лацио како второпласиран во Серија А од минатата сезона.
Серија А има договор четири од следните шест изданија на Суперкупот да ги игра во Саудиска Арабија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.