479
По синоќешниот
пораз од Фиорентина, првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис имал средба
со Руди Гарсија, па почнаа да кружат гласини дека се подготвува отказ за
стратегот.
Сепак, голем број
на извори од Италија вечерва пренесоа дека „наполитанците“ ќе му дадат уште
една шанса на стратегот, и тој ќе остане на кормилото барем до следната пауза
за репрезентативни настапи.
Плановите можат
да се променат само доколку се случат нови лоши резултати и неочекувани порази.
Марко Џампаоло,
Игор Тудор и Антонио Конте се посочуваат како опции за нов тренер на Наполи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.