Наполи размислува да му даде отказ на Руди Гарсија!

by
1 минути читање

По вчерашниот пораз на домашен терен од Фиорентина, Аурелио Де Лаурентис го кренал алармот во Наполи, па можно е во наредните денови да дојде до тренерска смена.

Наполи има освоено 14 бодови по првите осум кола, тимот има четири победи, две нерешени и два порази, а се чувствува и незадоволство во тимот.

Гарсија има двегодишен договор со Наполи, а тоа значи дека Де Лаурентис ќе треба да му исплати обесштетување доколку се реши да го отпушти.

Денеска имало кризен состанок во Наполи, на кој се дискутирало за иднината на Гарсија. Де Лаурентис е тој кој треба да пресече и да ја донесе одлуката.

Токму претседателот на Наполи силно го посакуваше Руди Гарсија откако не ја продолжи соработката со Лучано Спалети.

Евентуален отказ на Гарсија е добра вест за Елиф Елмас кој има мала минутажа оваа сезона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×