Турам постигна три гола во десет меча за Интер во сите натпреварувања, веќе се избори и за место во стартниот тим на Инзаги.
Тој за Интер потпиша како слободен играч откако му истече договорот со Борусија Менхенгладбах. За него имаше интерес и од други клубови, меѓу кои и ПСЖ, но напаѓачот на крајот се одлучил да потпише за клубот од Милано.
„Зборував со многу клубови и изборот не беше лесен. Знаев дека трансферот ќе ми ја дефинира кариерата и требаше да донесам вистинска одлука“, вели Турам.
„Италија ме очи специфичности во мојата работа. Тоа е една од причините зошто го избрав Интер. Ова ќе ми помогне да се прилагодам во улогата на централен напаѓач. Ми носи и други работи. Во Италија ми бараат да ја задржам топката, да ја додадам до средниот ред и да нападнам простор. Тоа е микс од многу работи. Треба да учам нови методи и напредував многу за само неколку месеци тука“.
„Интер ми се јави и пред две години додека уште играв како крило. Како и да е, тие уште тогаш ме гледаа како број 9. Не многу ја имаа таа визија, но тие имаа многу прецизна идеја за мој развој“.
„Знам зошто го направив изборот. Кој се разбира од фудбал знае што претставува Интер и неверојатните фудбалери кои биле дел од овој клуб“.
„Кога го облекуваме овој дрес, се чувствуваме како да облекуваме историја. Има неверојатен ентузијазам. Кога ги среќавам луѓето на улица, сите зборуваат за следниот натпревар. Видете како беше на дербито. Вревата и емоциите по мојот гол беа неверојатни. Интер е еден од најголемите клубови во Европа. Дојдов во стабилен тим кој работи добро и минатата сезона играше во финалето од Лигата на шампионите. Тие имаат одлични фудбалери и мојот избор беше поврзан со сето тоа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.