Милан синоќа во
луда завршница триумфираше со 0-1 на гостувањето кај Џенова, избраниците на
Пиоли поведоа во 87. минута со погодокот на Кристијан Пулишиќ, а предноста ја
чуваа со Оливие Жиру на голот откако Мајк Мењан доби црвен картон.
И додека
„росонерите“ беа пресреќни по освоените три бода, во Џенова беа бесни на
судијата и ВАР. Тие се убедени дека Кристијан Пулишиќ играл со рака кога ја
смирил топката, па голот требал да биде поништен.
„Тука сум за да
побарам почит за 35.000 навивачи кои беа на стадионот. Алберто Џилардино не
стои тука пред вас со цел да не добие суспензија. Вака јас ќе бидам тој кој ќе биде
казнет“ – рече претседателот на Џенова, Алберто Зангрило.
„На сите им е
јасно што се случи вечерва, секогаш кога има спорна ситуација, ние сме жртвите.
Чекавме неколку минути, ми кажаа дека во ВАР собата не пронашле јасна слика со
која можат да ја оспорат одлуката на терен. Можам да го прифатам ова, но малку
ми е чудно тоа што одлуката на терен секогаш е против нас“.
Проценете сами
дали Пулишиќ играше со рака, и дали во Џенова со браво се бунат на одлуката.
Avevo scritto “sembra”, lo levo.
Mano netta, evidente. #GenoaMilan #Pulisic pic.twitter.com/p1jEhaiIFE
— Giuseppe Falcão (@GiuseppeFalcao) October 7, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.