Медиумите од Холандија откриваат зошто фудбалерите на Легија со лисици на рацете завршија во станица

by
1 минути читање

Синоќешниот натпревар
помеѓу АЗ Алкмар и Легија во Конференциска лига донесе сцени кои ретко се
гледаат. Дариуш Миодуски, кој е претседател и сопственик на клубот од Полска изеде ќотек од
полицијата, а фудбалерите Жозуе и Панков со лисици на рацете завршија во
станица.

Од таборот на
Легија вината ја посочуваат кон полицијата и обезбедувањето, односно од
неочекуваната одлука стадионот да биде затворен и покрај тоа што половина од
нивната експедиција не била излезена.

Медиумите од Холандија
пишуваат дека во хаосот кој настанал, еден човек од обезбедувањето се здобил со
потрес на мосокот и скршеница на лактот, па затоа Жозеу и Панков биле приведени.

Се говори дека
двајцата нема да се вратат во Полска со останатиот дел од тимот, и би можеле да
останат зад решетки дури 72 часа без да биде покренато обвинение.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×