„Повеќе не си специјален“ – фановите на Челси му го свртеа грбот на Мурињо

by
1 минути читање

Челси со 1-0 го
совлада Манчестер јунајтед и се пласираше во полуфиналето од ФА Купот, но
средбата на Стемфорд Бриџ одново помина во знакот на Жозе Мурињо.

Португалецот го
навлече гневот на домашните фанови откако одново влезе во вербален дуел со
Антонио Конте покрај аут линијата.

Па фановите од
трибината зад резервите почнаа да скандираат „Фак оф Мурињо“.

На ваквите
навреди Португалецот одговори со три прста кои асоцираат на трите титули во
Премиерлигата кои Челси ги освои под негово водство.

На ова навивачите
возвратија со „Ти самиот си за се виновен“, а потоа од трибината се слушаше и „Повеќе
не си специјален“
па дури и „Јуда“.

На социјалните
мрежи мислењето е поделено, едни велат дека не го разбираат однесувањето на
навивачите по се она што Жозе Мурињо има направено за Челси, додека пак други
даваат зелено светло со оглед на големиот број провокации кои ги упати
Португалецот по добиениот отказ и заминувањето од Стемфорд Бриџ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани