ГДС открива како Белингам бил блиску до трансфер во Јувентус пред три години

by
1 минути читање

Џуд Белингам е
топ тема изминатиов период, блеска по трансферот во Реал Мадрид, се покажа како
огромно засилување на „кралевите“ и постигна осум гола на девет меча во белиот
дрес.

Младиот
Англичанец оваа недела атрактивно погоди и против Наполи во Лигата на шампиони, нанижа неколку
противнички фудбалери и лесно ја затресе мрежата на Мерет.

И додека
пристигнуваат пофалби за неговата игра од секаде (одредени страни малку
претераа и го споредија со Диего Марадона), Газета дело Спорт раскажа како Џуд
Белингам бил блиску до трансфер во Јувентус.

Весникот објави
дека фудбалерот заедно со семејството го посетил Торино пролетта во 2020
година, се сретнал со раководството на „старата дама“ и ги посетил канцелариите
и тренинг центартот на клубот.

Јувентус му го
презентирал својот предлог, понудата била прилично примамлива од економски
аспект, но планот бил тој на старт да биде дел од У23 тимот и потоа постепено
да прогресира кон првиот тим.

ГДС вели дека Џуд
Белингам сериозно размислил за предлогот на Јувентус, но на крајот се решил за
Борусија Дортмунд поради ветувањето дека веднаш ќе биде интегриран во првиот
тим
, и токму ова на крајот ја
направило разликата и го убедило играчот да го одбере „жолто-црниот“ дрес
наместо „бело-црниот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×