Французите распалија по Енрике по тешкиот пораз на ПСЖ: Каква дрскост… Кој игра вака?… Ова е фијаско!

by
1 минути читање

„Светците“
изминатово лето одново инвестираа огромна сума на пари во засилувања, успеаја
да го задржат и Килијан Мбапе, но игрите на стартот на сезоната не ги носат
посакуваните резултати.

Синоќа ПСЖ доживеа
дебакл на гостувањето кај Њукасл и загуби со 4-1, што е најтешкиот пораз во
групната фаза во Лигата на шампионите во последните 19 години.

По крајот на
натпреварот, француската фудбалска јавност прстот го впери кон Луис Енрике и
одлуката на стратегот да игра со четири напаѓачи.

„Дрскоста да игра
на „Сент Џејмс Парк“ со четворица напаѓачи и двајца во средниот ред не донесе
резултат. Најголемо иненадување е тоа што Енрике не промени ништо и покрај тоа што
неговиот тим имаше огромни проблеми на средината од теренот“
– напиша Л’Екип, и
му даде оцена 3 од 10 на Шпанецот.

Ле Паризиен во
својата анализа посочи: „Луис Енрике е главниот виновник за ова фијаско. ПСЖ не
стори ништо и се мачеше во текот на сите 90 минути. И покрај тоа, Луис Енрике
остана доследен на тактиката, го замени Угарте со Витиња и покрај тоа што системот со тројца
во средниот ред му донесе голема стабилност на почетокот од сезоната“.

Поранешниот
фудбалер Даниел Риоло во емисијата „Афтер фут“ на Радио Монте Карло рече: „Кој
тим во Европа игра вака? Па овој систем е ср*ње, вистинска глупост. Никој не игра
вака. Се прави луд и се обидува да измисли нешто. И не само тоа, кога на сите
им беше јасно дека противникот има огромен простор за игра, наместо да се
прилагоди, тој одби да направи промена“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×