ФИФА донесе
одлука за уникатно СП 2030 кое ќе се одржи на три континенти и во шест држави.
Како организатори
се одбрани Шпанија, Португалија и Мароко, но со оглед на тоа дека ќе се
одбележува 100-годишнината од првиот мундијал, воведниот натпревар ќе се игра
во Уругвај, поточно во главниот град Монтевидео, каде се одигра првото финале во
1930 година.
Пред возбудувањата
да продолжат во Европа и Африка, во Јужна Америка ќе се одиграат уште два
натпревари, еден во Аргентина, и еден во Парагвај.
„Во поделен свет,
ФИФА и фудбалот обединуваат“ – рече првиот човек Џани Инфантино.
„Собранието на ФИФА
едногласно се слoжи за 100-годишнината да прославиме на најсоодветен начин.
Како резултат на тоа, ќе биде одржана прослава во Јужна Америак и три земји –
Уругвај, Аргентина и Парагвај – ќе организираат по еден натпревар. Првиот од
овие три натпревари ќе се игра на стадионот каде што почна сè, во Монтевидео на
митичниот Естадио Сентенарио“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.