Ново хорор издание на Онана, голем кикс по кој Касемиро направи пенал и доби црвен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ изминатово лето решија да инвестираат 50+ милиони евра во ангажман на нов голман и го донесоа Андре Онана како замена за Давид де Хеа, кого го изиграа, и во последен момент се повлекоа од нова соработка.

Но авантурата на Камерунецот на Олд Трафорд не оди според планот, често прави киксови кои скапо го чинат Манчестер јунајтед.

Така беше и на синоќешниот дуел против Галатасарај, кога му даде топка во нозе на Мертенс, па во обид да спасува, Касемиро направи пенал и доби црвен картон.

Мауро Икарди го промаши ударот од белата точка, но неколку минути подоцна ја затресе мрежата во нова ситуација во која Онана не се прослави многу, голманот веќе беше паднат на земјата пред Аргентинецот да ја префрли топката преку него.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×