Неверојатно објаснување за скандалозната грешка: Во ВАР собата мислеле дека голот на Диаз бил признаен на теренот!

by
1 минути читање

Изминатиов викенд
се случи голем скандал во Премиерлигата, беше поништен гол на Луис Диаз за
водствто на Ливерпул од 0-1 против Тотнем и покрај тоа што напаѓачот не беше во
офсајд.

ВАР не исцрта линии
и не примети дека напаѓачот на „црвените“ е во регуларна позиција, па не ја корегираше одлуката.

По крајот на
средбата, асоцијациите на судии (ПГМОЛ) призна дека е направен огромен пропуст и
му се извини на Ливерпул.

Клубот од Енфилд
потоа најави дека ќе ги разгледа сите опции коу му се на располагање и
последните информации велат дека „црвените“ официјално од ПГМОЛ побарале да
биде објавена аудио снимката од разговорот помеѓу ВАР собата и судиите.

Скај Спорт пишува
дека големата грешка била направена поради тоа што во ВАР собата мислеле дека голот
на Луис Диаз всушност бил признаен на теренот, па го известиле судиајта Сајмон
Купер дека проверката е завршена и нема ништо спорно.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×