Доминос брутално го истрола Челси, еве колку пици се продадени од последниот гол на „сините“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Клубот од „Стемфорд
Бриџ“ ова лето потроши преку 400 милиони фунти на засилувања, а бројката изнесува
над 1 милијарда фунти доколку во предвид се земат и двата претходни преодни рока.

Но и покрај тоа,
Челси игра далеку под очекувањата и се мачи пред противничкиот гол.

Последен пат во
Премиерлигата постигнаа гол на крајот од авуст, и на последните три натпревари
во Премиерлигата не успеваат да ја затресат противничката мрежа.

Лошата ефикасност
на „сините“ ја искористи Доминос, пицеријата си направи добра реклама и добар
мајтап на социјалните мрежи.

Пред „Креjвин
Котиџ“ е паркирано каминче на кое има голем екран на кој се води евиденција
колку пици се продадени по последниот гол на Челси во Премиерлигата.

„Направивме
математика, испадна дека ситуацијата е многу полоша од тоа што мислевме“

гласеше пораката на Доминос, и сликата дека се продадени речиси 10 милиони
пици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×