Луис Суарез постигна историски хет-трик за 5 минути, па дозна дека скршил нога и го чека долга пауза

by
1 минути читање

Од врвот до дното
за неколку часа, ова беше приказната на Луис Суарез на синоќешниот натпревар
помеѓу Алмерика и Гранада.

Колумбиецот влезе
во историјата откако во финишот на првиот дел три пати ја тресеше мрежата на
противникот во период од 5 минути и 25 секунди и го постигна третиот најбрз хет-трик
во Ла Лига.

Но на десетина
минути пред крајот на натпреварот, тој се повреди и со носилки го напушти
теренот, а деталните прегледи донесоа лоши вести, Луис Суарез заработил фрактура
на ногата и ќе паузира со месеци.

За маката на
Алмерија да биде поголема, остана само со бод, откако гостите направија кам-бек
и со голот на Узуни во 86. минута се изборија за 3-3. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×