Атмосферата во Лацио е очајна, расте тензијата меѓу Сари и Лотито

by
1 минути читање

По првите седум кола од сезоната, Лацио има освоено само седум бодови, четири повеќе од опасната зона.

Работите дополнително ги влоши изјавата на Сари кој јавно се пожали дека не е задоволен од трансфер стратегијата на клубот за ова лето.

„Сите добро знаат дека фудбалерите кои ги сакав не пристигнаа, па треба да правам тим од она што го имам“, рече Сари.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека оваа изјава дополнително го налутила претседателот на клубот, Клаудио Лотито.

Сари има договор со Лацио до јуни 2025 година со годишна плата од четири милиони евра. Но, доколку не се подобрат резултатите во наредните кола, големи се шансите да дојде до тренерска смена.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×