„Газета дело Спорт“ пишува дека Реал Мадрид ќе биде сместен во хотелот „Везув“ каде Анчелоти доби отказ од Аурелио Де Лаурентис.
Тоа се случи на 10. декември 2019 година. Наполи го победи Генк со 4-0 во Лигата на шампионите, но лошите резултати во ноември и токсичната атмосфера во соблекувалната биле пресудни за Де Лаурентис да му врачи отказ на Анчелоти и да го назначи Гатузо за нов тренер.
Карло токму во хотелот „Везув“ го добил отказот, тој се обидел со разговор да го предомисли Де Лаурентис, но претседателот на Наполи не сакал да ја промени одлуката.
Сепак, како одминувало времето, односот меѓу Анчелоти и Де Лаурентис се стабилизирал. Двете страни не жалат за минатото, Наполи лани го освои Скудетото, а италијанскиот стратег преку Евертон стигна до Реал Мадрид и ја освои Лигата на шампионите.
In ritiro nell’hotel dove fu esonerato: così Ancelotti torna a Napoli col Real https://t.co/VfrZuHexDr pic.twitter.com/NSCSNyKD5Q
— sportlive (@sportli26181512) October 2, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.