На мечот помеѓу Тотнем и Ливерпул се случи голем скандал откако ВАР потврди офсајд без да исцрта линии во ситуација која беше прилично тесна.
Кратко по крајот на натпреварот се огласија и од телото кое ги опфаќа судиите во Премиерлигата (ПГМОЛ).
Од таму брифираат за огромна човечка грешка која се случила во првото полувреме на натпреварот помеѓу Тотнем и Ливерпул.
„Голот на Луис Диаз беше поништен поради офсајд од страна на судиите. Ова беше очигледна и јасна грешка и голот требаше да биде признаен по интервенција на ВАР, но ВАР не интервенираше“ – се вели во дел од соопштението.
„Ќе биде спроведена детална истрага со цел да се утврдат кои се причините за оваа грешка. Веднаш ќе го контактираме Ливерпул за да ја признаеме грешката“.
Ливерпул сигурно нема да има големо фајде од ова, тие останаа со празни раце од гостувањето кај Тотнем.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.