Скандал во Премиерлигата: Голот на Диаз е регуларен, што ли гледаа во ВАР собата?! (ФОТО и ВИДЕО)

by
2 минути читање

Тотнем во драматичен финиш со автоголот на Матип во 96. минута стигна до триумф од 2-1 над Ливерпул, кој мечот го заврши со двајца играчи помалку.

Но натпреварот предизвика голема дебата откако во првото полувреме ВАР не си ја одработи добро задачата. Луис Диаз ги донесе гостите во предност од 0-1, но помошникот му го прекина славјето и го крена знаменцето за офсајд.

Спорно е тоа што ВАР ја потврди одлуката премногу брзо и го потврди офсајдот без да бидат исцртани линиите.

За маката да биде поголема, ситуацијата беше прилично тесна и се чини дека играчот на Ливерпул беше во дозволена ситуација, барам таков впечаток се добива од аглите и амтерските исцртување на линиите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани