Ливерпул со двајца играчи храбро се бореше но Матип во 96. минута со автогол му донесе победа на Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во Премиерлигата оваа сезона.

Избраниците на Клоп и со двајца играчи помалку одолеваа, беа на прагот да се изборат за голем бод, но во последните секунди Матип ја затресе својата мрежа и донесе триумф на „спарси“.

Џонс доби црвен картон во 26. минута за опасен старт, а десет минути подоцна Сон донесе 1-0. Но и со играч помалку, во финишот на првиот дел, Гакпо реализираше за 1-1.

Во 70. минута беше искучен и Жота откако заработи втор жолт картон, па „црвените“ финишот од мечот го играа со двајца фудбалери помалку.

Тотнем силно притискаше, и кога се чинеше дека ќе има поделба на бодовите, Матип несреќно си постигна автогол во 96. минута за огромно славје во Северн Лондон.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани