Во интервју за „Атлетик“, тренерот на Манчестер Сити го критикува распоредот кој е исклучително густ, вели дека тоа можат да го променат само фудбалерите.
„Има само едно решение за нешто да се промени, само ако сите играчи решат да речат: Стоп. Тогаш ќе мора да се смени нешто. Тогаш ФИФА и УЕФА можеби ќе реагираат малку. Кога има пауза, треба да има вистинска пауза. Секогаш ја покажувам НБА-лигата како пример. Тие можеби играат 80 меча во неколку месеци, но потоа имаат 3-4 месеци пауза во кои можат да се регенерираат. Ако играчите сакаат да сменат нешто во фудбалот, само тие самите можат да го сторат тоа. Гледајте во Шпанија, со женската репрезентација. Фудбалерките решија да сменат нешто и успеаја. Без Пеп, фудбалот ќе продолжи, но без фудбалерите шоуто нема да продолжи. Фудбалот зависи од нив“, рече Пеп Гвардиола.
Големите клубови во текот на една сезона се натпреваруваат во 4-5 конкуренции и одигруваат преку 50 натпревари. За илустрација, неговиот Манчестер сити имаше 61 натпревар сметајќи ја Премиерлигата, ФА-купот, Карабао купот, Лигата на шампионите и единствениот меч во Комјунити шилдс.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.