Наполи: Никогаш не сме сакале да го навредиме или исмеваме Осимен!

by
1 минути читање

Наполи на својот официјален ТикТок профил објави навредливо видео за Осимен кое потоа беше избришано. Агентот на фудбалерот најави тужба за клубот кој сега преку соопштение ја кажува својата страна.

„Наполи сакајќи да избегне било каква експлоатација на ова прашање, истакнува дека никогаш не сме сакале да го навредиме или исмеваме Виктор Осимен кој е богатство за овој клуб“, се вели во соопштението.

„Како доказ за тоа, за време на летниот преоден рок, клубот цврсто ја одби секоја понуда што беше добиена за трансфер на напаѓачот“.

„Социјалните медиуми, особено ТикТок, отсекогаш користеле експресивна форма на јазик со креативност, без да сакаат како во случајот со Осимен, да имаат намера за навреда или потсмев“.

„Во секој случај, ако Виктор забележал некаква навреда кон него, тоа не било она што го сакал клубот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×