Во Англија се сомневаат во чесноста на ждрепката, Манчестер јунајтед 12 пати по ред е домаќин!

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед 12 пати по ред е извлекуван да биде домаќин во куп натпреварите. Последен пат на гостински терен во куп дуел играле на 21. март 2021 година кога беа поразени на гостувањето кај Лестер со 3-1.

Веројатно се работи за случајност, но шансите за да добиете ждрепка 12 пати по ред на домашен терен се исклучително мали, па оттаму тргнуваат сомнежите на некои.

×