213
Амрабат за Јунајтед дебитираше против Барнли, но тогаш влезе во самиот финиш од мечот, во судиското продолжение. Вчера против Кристал Палас првпат беше стартер и се покажа во одлично издание.
„За ова сонував како дете! Му реков на тренерот дека ќе играм каде што можам да помогнам, дури и како голман ако треба… играм за грбот на клубот“, вели Амрабат.
„Од дете работев за ова. Работев многу напорно целата моја кариера, целиот мој живот за ова“.
„Да играм тука е неверојатно, стадионот е полн во вторник навечер“.
„Ние треба да победуваме на сите натпревари, како што вели тренерот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.