Осимен се налути, ги избриша речиси сите слики од Наполи на својот инстаграм профил! (ФОТО)

by
3 минути читање

Синоќа админот на официјалниот „ТикТок“ профил на Наполи пушти видео со кое го тролаше Осимен. Видеото веднаш беше избришано, но трагот остана, бидејќи многу луѓе го симнаа и тоа се шири на социјалните мрежи.

Агентот на Осимен најави тужба, а по односот на напаѓачот на социјалните мрежи може да се заклучи дека тој веќе го гледа Наполи како минато.

Осимен ги избриша речиси сите слики на инстаграм кои ги имаше во дрес на Наполи, остави само една. Сега доминираат фотографии со дрес на нигериската репрезентација.

Ова значи дека тој му е лут на Наполи и веројатно уште во јануари ќе побара да замине од клубот.

@2024 – Сите права задржани