Тен Хаг го обвини Санчо дека не тренира доволно, а тој му врати дека лаже. Јавното препукување меѓу двајцата прарасна во суспензија на фудбалерот.
Но, се чини дека лошото однесување на Санчо не е инцидентно, тој бил проблематичен и во Дортмунд, иако тоа не излегло на површина.
Германскиот весник „Билд“ пишува дека Санчо постојано бил опоменуван во Дортмунд поради недисциплина. Тој често доцнел на тренинзи, а по натпревар знаел да одлета некаде и да не се врати 2-3 дена.
Според тренерите на Дортмунд, најголем проблем било тоа што Санчо спиел премалку, играл игрици на конзоли до рано наутро. Животен стил кој никако не е соодветен за професионален фудбалер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.