Леао: Играњето во ЛШ е многу повредно од парите од Саудиска Арабија!

by
2 минути читање

Саудијците ова лето потрошија огромни пари за да привлечат ѕвезди кои играат во Европа, следната година ќе ја укинат квотата за странски фудбалери па ќе бидат уште поактивни на трансфер пазарот. Но, има фудбалери кои не можат да го купат, еден од нив е Рафаел Леао кого засега не го интересираат петродоларите на шеиците.

„Во фудбалот уште не сум постигнал ништо големо за да заминам во Саудиска Арабија. Денеска парите многу гласно зборуваат, но за мене Лигата на шампионите е нешто многу повредно од 10-20-30 милиони евра годишно“, вели Леао.

„Млад сум, сакам да остварам големи работи, а Лигата на шампионите е сон за секој фудбалер. Мислам само на Милан, да не беше така немаше да потпишам нов договор, фокусиран сум да направиме големи резултати со Милан во наредните две-три години“.


@2024 – Сите права задржани