Одреден е термин за прекинатиот меч во Холандија, Ајакс не сака да го игра на тој датум!

by
1 минути читање

Мечот беше прекинат во 55. минута при водство на Феенорд од 3-0. Натпреварот не се доигра поради дивеењето на фановите на Ајакс кои не можеа да го поднесат тоа што се случува на теренот.

Фудбалската федерација на Холандија денеска официјално соопштеи дека мечот ќе се доигра во среда од 14 часот без присуство на гледачи.

Но, во среда беше планирано да се игра заостанатиот меч меѓу Ајакс и Волдендам, па сега тој натпревар повторно е одложен.

Од Ајакс кусо прокоментираа дека не се согласуваат со оваа одлука. А и претставникот на Волендам реагираше велејќи дека одлуката е смешна и не е фер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×