Реал Мадрид посочи три огромни грешки на судијата против Атлетико и распали: Срамота, скандал!

by
1 минути читање

Атлетико Мадрид
синоќа со 3-1 го доби градското дерби против Реал Мадрид, а по поразот,
„кралевите“ веднаш прстот го вперија кон судијата Хавиер Алберола Рохас.

ТВ каналот на
Реал Мадрид направи анализа на случувањата и потенцираше три големи грешки.

Прво, сметаат
дека имало прекршок од Ермосо врз Белингем на зачетокот од акцијата по која
Алваро Мората погоди за 1-0.

Како второ, голот
на Камавинга за 2-2 во финишот од првиот дел не требал да биде поништен бидејќи
Рудигер иако бил во офсајд позиција, не влијаел на играта.

Како трето,
Атлтико Мадрид второто полуреме требал да го игра со играч помалку, стартот на
Хименз врз Белингем бил за чист црвен картон.

„Знаевме што ќе
се случи кога го дознавме името на судијата. Постојано се прават овие огромни
грешки против Реал Мадрид. Да не заборавиме, овој судија е eден од оние кои користеа
услуги од синот на Енрикез Негреира. И покрај тоа што судот говори за
систематска корупција, овие судии продолжуваат да делат правда. Па овој судија
не е на нивото да дели правда на регионални натпревари“ 
– се вели во анализата.

„Ова е срамно,
скандал! Три моменти комплетно го променија исходот на натпреварот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани