Озил зборува за нов договор со Арсенал: Среќен сум тука, но…

by
1 минути читање

Договорот на Месут Озил со Арсенал истекува во јуни 2018, па доколку не го продолжи ќе биде продаден ова лето со цел клубот да заработи од неговото заминување.

Озил е далеку од својата најдобра форма во моментов и силно се шпекулира дека тој од следната сезона ќе игра во друг клуб.

„Имаше разговори со луѓе од раководството на Арсенал, но во моментов сум фокусиран на сегашната сезона исто како што се и лидерите на Арсенал“ – вели Озил.

„Отсекогаш сум велел дека сум среќен во Арсенал, клубот, фановите, градот… Арсен Венгер беше една од главните причини поради кои дојдов тука, но би било погрешко да се каже дека мојата иднина зависи само од тренерот“.

Шпекулациите велат дека не е задоволен од финансиите кои му ги нуди клубот, но ни од абициите на Арсенал кои оваа сезона може да не се пласира и меѓу четирите најдобри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани