115
Фиорентина со три
бода си замина од гостувањето на „Фриули“ и покрај тоа што Удинезе беше подобар
противник.
Гостите два пати шутнаа
во голот и два пати погодија. Во 32. минута од средбата, дефанзивецот
Мартинез Кварта се најде во улога на напаѓач, доби топка во фор и реализираше
за 0-1.
Во последните
мигови од мечот, Бонавентура од врвот на шеснаесетникот прецизно биеше за
конечни 0-2.
На вториот
натпревар од 15 часот во Серија А, Аталанта рутински со 2-0 го совлада Каљари.
Домаќините
поведоа со 1-0 во 33. минута, Лукман доби топка на пет метри и не погреши, а трите
бода ги осигура Пашалиќ во 76. минута.