Многу фудбалери изминатово лето се преселија во Саудиска Арабија, и покрај тоа што на сите им е јасно дека го прават ова поради парите, големите имиња се превдаа дека биле примамени од проектите и велеа дека првенството има висок квалитет, дури е на нивото како оние од топ 5 во Европа.
Но љубителите на фудбалот на социјалните мрежи посочуваат еден детал од дербито помеѓу Ал Наср и Ал Ахли, кој покажува дека и самите фудбалери не го сфаќаат првенството толку сериозно.
По еден гол на домаќините, Садио Мане тргна да слави со тоа што му скокна на грб на Роберто Фирмино.
Во Премиерлигата, или било кое друго првенство во Европа, на градско дерби, нема шанси да се случи нешто ваква помеѓу двајца фудбалери, без разлика што тие се добри пријатели откако со години делеа соблекувална во Ливерпул.
Нивото на професионализам е толку големо, што никој нема да се осмели да направи еден ваков потег.
Mane jumping on Firmino’s back after Al-Nassr score, despite Bobby playing for the oppositionpic.twitter.com/IudCp9ixQf
— Anfield Edition (@AnfieldEdition) September 23, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.