На само два дена до градското дерби против Атлетико Мадрид, Џуд Белингем не можел да тренира поради проблеми со стомакот.
Во финишот од мечот меѓу Реал Мадрид и Унион Берлин се чувствуваше замор кај Белингем. Но во четвртокот одработил тренинг без проблем.
Денеска го почнал делот од тренингот кој бил во теретана, но поради болки во стомакот не можел да продолжи и на тимскиот треинг на терен.
Медицинскиот тим во Реал Мадрид е оптимистичен и верува дека Англичанецот ќе биде подготвен за неделниот натпревар.
Белингем не е фудбалер кој се повредувал досега. Во три сезони со Борусија Дортмунд има пропуштено само четири натпревари. А еден од нив беше минатата сезона во последното коло кога се решаваше титулата и неговиот тим ја испушти од раце.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.