Јулијан Нагелсман е наследникот на Ханси Флик на кормилото на Германија, веста која кружеше со денови, денеска и официјално е потврдена.
„Домаќини сме на Европско првенство, тоа се случува еднаш во неколку декади, па се друго ми е во втор план. Имам огромна желба да го почнам овој нов предизвик. Натпреварот во Дортмунд (против Франција) е само почеток“ – порача Јулијан Нагелсман.
Младиот стратег потпиша договор до крајот на ЕВРО 2024, и се откажа од десетина милиони евра за да ги предводи „панцерите“ на континенталниот собир.
Јулијан Нагелсман со Баерн Минхен имаше договор до 2026 година и плата од околу 7 милиони евра по сезона, додека пак за авантурата со Германија ќе добива околу 4 милиони евра годишно.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.