Мурињо: Тешко е да се разбере зошто Санчез постојано се повредува

by
1 минути читање

Санчез имаше проблеми и во Баерн Минхен и во ПСЖ, не успеваше да врзе серија натпревари поради честите повреди. Слично почна и во Рома.

„За жал, тоа е Санчез, тој секогаш е во ризик за повреда и тешко е да се разбере тоа. Баерн Минхен не најде решение, ниту ПСЖ, и сега ние се мачиме да разбереме зашто е тоа така“, вели Мурињо.

„Тој е одличен фудбалер, треба да игра, имаше три дена одмор и се чувствуваше повеќе од подготвен за да одигра 45 минути сега. За жал мораше порано да излезе поради повреда“.


×