Мурињо не го заборава мечот против Севиља: До крајот на животот ќе велам дека Рома не загуби во Будимпешта!

by
1 минути читање

Во пресрет на
новата сезона во Лига Европа, Жозе Мурињо ја прокоментира завршницата од
минатата, и пресметката против Севиља во финалето во Будимпешта.

„Специјалниот“ беше
бесен по крајот на тој натпревар, сметаше дека арбитрите тешко го оштетиле
неговиот тим, па дури и го чекаше судијата Ентони Тејлор на паркингот, за да му каже што мисли и му дофрли неколку навредливи коментари.

„Продолжувам и ќе
продолжам да кажувам, до последниот ден од кариерата, до последниот ден од
животот, дека не го загубивме финалето во Будимпешта. Секогаш кога ќе ме
прашаат за тој натпревар, ќе кажам дека не го загубивме“
– вели тренерот на
Рома.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×