Роналдо тешко ќе си ги наплати 20-те милиони од Јувентус, еден документ е клучен

by
1 минути читање

Минатата недела
беше објавено дека Кристијано Роналдо покренал правна постпка за да си ги
наплати долговите од Јувентус кои изнесуваат околу 19,9 милиони евра.

Се работи за пари
од кои Португалецот требаше да се откаже во ковид-19 пандемијата, но испадна
дека фудбалерите на Јувентус се откажале само од една месечна плата, а за
останатите три месеци биле потпишани приватни договори со кои се гарантира
исплатата.

Но медиумите од Италија
пренесуваат дека раководството на Јувентус не стравува од тужбата на напаѓачот
и смета дека Кристијано Роналдо ќе ја изгуби правната битка.

Не само што
Кристијано Роналдо не ставил потпис на приватниот договор и со тоа може да се оспори валидноста, пред да биде продаден
на Манчестер јунајтед летото во 2021 година, Португалецот потпишал документ со
кој потврдува дека Јувентус не му должи ништо.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×