Баерн Минхен го победи Манчестер јунајтед во меч со седум гола! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед добро го почна мечот на Алијанц арена, тргне неочекувано офанзивно кон голот на Баерн, но тоа траеше неколку 20тина минути.

Во 28. минута Сане донесе водство на Баерн Минхен за 1-0, лоша интервенција на Онана, а само четири минути подоцна и Гнабри погоди зголемувајќи ја предноста на 2-0.

По четири минути игра во вториот дел Хојлунд погоди за 2-1 и ја врати надежта на Јунајтед.

Но четири минути подоцна беше досуден пенал за Баерн Минхен кој го реализираше Хари Кејн и повторно врати два разлика за својот тим.

3-1 беше актуелен резултат до 88. минута кога Касемиро намали на 3-2 и го живна Манчестер јунајтед.

Во 92. минута Тел погоди за 4-2, но тоа не беше се, три минути подоцна Касемиро даде уште еден гол за конечен резултат од 4-3.

Во оваа група претходно се одигра натпреварот меѓу Галатасарај и Копенхаген кој заврши 2-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×