По мечот голманот ја објаснуваше целата ситуација.
„Беше тешко да слушнам било што од клупата, не можевме да искомуницираме дали треба да одам напред или не. Некако успеаа да ми кажат во последната минута, сфатив дека има уште 30 секунди останато и тоа беше последна шанса“, вели Проведел.
„Мислам дека не ни сфатив што се случи. Фудбалот е брз, и кога победувате и кога губите, па мора веќе да мислиме на следниот меч, во Серија А не стартувавме добро и треба да го поправиме тоа“.
„Што се однесува до Атлетико, не победивме, освоивме само бод“.
Голот на Проведел беше во манир на вистински напаѓач.
„Можам да се шалам и да речам дека сум го проучувал Чиро Имобиле. Луис Алберто вообичаено нафрла на втората статива, видов дека тоа е единствениот простор кој го имав пред мене и отидов таму“.
Ова не е прв гол на Проведел во кариерата, на сличен начин тој погоди за Јуве Стабија во Серија Б во 2020 година против Асколи, меч кој заврши 2-2.
„Тоа се две различни ситуации, два многу важни гола, две многу важни сезони за мене и ми значат многу“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.