По дебаклот од Брајтон, Манчестер јунајтед ќе има тешка задача денеска во Лигата на шампионите, му гостува на Баерн Минхен.
Тимот на Ерик Тен Хаг изгледа расштимано на теренот, не функционира како што посакуваат навивачите.
„Дали жалам што не го купивме Кејн? Не. Среќен сум што го имаме Расмус Хојлунд, имаме голема доверба во него“, вели Ерик Тен Хаг.
„За првите натпревари тој беше повреден, играше против Арсенал и Брајтон. Тој е голем талент и ќе има допринос во нашата игра. Уверени сме во тоа“.
Манчестер јунајтед се соочува со многу повредени фудбалери, Тен Хаг вели дека поради тоа не може да го состави најдобриот тим.
„Едно е сигурно, од почетокот на сезоната ниту еднаш не стартував со според мене најдобрите 11. Секогаш имаше повреди“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.