Во денешното дерби на денот ПСЖ дојде до триумф над Борусија Дортмунд. Мрежите мируваа во првиот дел, клучните моменти се случија во второто полувреме.
По четири минути игра во вториот дел Мбапе погоди за водство на ПСЖ од 1-0, а само десет минути подоцна Хакими реализираше за конечни 2-0.
Жоао Феликс покажа дека е големо засилување за Барселона, денеска постигна два гола против Антверп, а имаше и асистенција.
Феликс ја отвори и ја затвори серијата погодоци за Барселона, во меѓувреме погодија и Левандовски и Гави, а еден погодок беше автогол.
Порто со 3-1 славеше на гостувањето кај Шахтар. Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме. Два даде Галено, еден Тареми за португалскиот тим.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.