Ѕвездите на ПСЖ обвинети дека пред дуелот со Барса се забавувале со Ријана до раните утрински часови

by
1 минути читање

Елиминацијата на
„Светците“ од Лигата на Шампионите и понатаму е во фокусот на медиумите од
Франција.

Избраниците на
Унаи Емери потфрлија на Камп Ноу, особено во завршницата кога панично се бранеа
и примија три гола за седум минути.

Денешното издание
на Лекип ги обвини Марко Верати и Блес Матуиди дека во понеделникот, ден пред
патувањето за Барселона, се забавувале во ноќен клуб до раните утрински часови.

Весникот вели дека двајцата играчи биле на забава која ја организирала
познатата поп пејачка Ријана, која во Париз ја промовирала својата нова
колекција.

Но ваквата
сторија на Лекип ја демантира Ла Парисиен, а се огласи и агентот на Марко
Верати, кој порача дека нема вистина во написите и најави тужба.

„Слободно можат
да ги критикуваат неговите перформанси но нема да дозволам да го валкаат
неговиот углед и да кажуваат работи кои не се вистинити
– порача Донато Ди Кампли.

„Адвокатите ќе го
разгледаат целиот случај и ќе кажат каков чекор да превземеме
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани