103
Гринвуд влезе во финишот од мечот меѓу Хетафе и Осасуна кој неговиот тим го доби со 3-2.
Фудбалерот носеше Најк копачки, па по натпреварот веднаш реагираше производителот со цел да се огради дека му е спонзор на фудбалерот.
„Изјавата од претходно сè уште важи. Мејсон Гринвуд повеќе не е спортист на Најк“, стои во соопштението на Најк.
Тие му беа спонзор се до скандалот со насилство врз девојка му. Потоа ја прекинаа соработката со него и јавно го објавија раскинот на договорот.
Гринвуд мора да носи копачки од некој производител, па ги одбрал Најк веројатно затоа што му се најудобни.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.