73
Хајденхајм ја играат својата прва сезона во Бундеслигата, а денеска стигнаа и до деби триумфот откако славеа против поранешниот шампион Вердер.
Домашниот тим по првото полувреме водеше со 2-0 со голови на Клеиндиенст и Динкчи. Но во вториот дел Вердер дојде до израмнување со погодоци на Дукш и Веизер.
Сепак фудбалерите на Хајденхајм не се откажаа, дадоа голови преку Динкчи и Бесте и дојдоа до триумф од 4-2. Победа со историски шмек.